collapse

* Prebaruvanje


Author Topic: Мојата глорифицирана витрина  (Read 742 times)

0 Members and 1 Guest are viewing this topic.

Offline parg0

  • Neaktiven
  • *
  • Join Date: Mar 2016
  • Location: Скопје
  • Age: 39
  • Posts: 4
  • Karma: 0
Мојата глорифицирана витрина
« on: March 27, 2016, 11:55:58 AM »
Здраво на сите.



Едно време ова парче мебел беше аквариум и ги воодушевуваше гостите кои ми го посетуваа домот, а мене ми даваше душевен мир и спокоен сон покрај жуборот на неговиот екстерен филтер сместен под капакот.  :D

Сега е глорифицирана витрина и скривалиште на алкохол. Вторава функција и не е така лоша варијанта. :D

До вечерва мислев дека е 160l. Конечно ми текна да го прогуглам моделот (Atman HA-900). Испадна дека е 250l. Димензиите се 900x500x560mm и во капакот сем филтер со керамички прстени има и 2 неонки од по 36W, кои испуштаат нешто што наликува на дневна светлина.

Време е повторно да го ставам во функција и за 6 месеци до година да направам аквариум кој што ќе биде преполн со насадено зеленило и ќе го врати живтот во оваа стерилна просторија.
Од риби планирам да ставам само јатни риби, неонки и слични бидејќи сакам да го заштитам зеленилото. Во претходната верзија на аквариумов, рибите ми ја јадеа тревата...

И еве го и првото прашање. Во моментов сум во некои лабави припреми. Се билдам со теорија и планирам да започнам набавки на потребните материјали. На интернет пронајдов семиња за водни треви (ехм... aliexpress), па ме интересира дали е паметно да се обиде човек така да го засади.

Би ценел доколку ми пуштите некој линк од форумов или надворешен каде што се опишува теоријата околу овој тип на аквариуми, особено околу подготовката на подлогата за истите. Благодарам! :)

Offline pocttopus

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Oct 2009
  • Location: Скопје
  • Age: 39
  • Posts: 6249
  • Karma: 11
Re: Мојата глорифицирана витрина
« Reply #1 on: March 27, 2016, 01:03:18 PM »
@parg0 токму така, аквариумот што го имаш е околу 250 литри. Формулата за пресметка на литражата на овој вид на аквариум е истата како за пресметка на волумен на цилиндер и резултатот треба на крајот да се подели со два затоа што ова е аквариум во форма на полу-цилиндер.


https://en.wikipedia.org/wiki/Cylinder_%28geometry%29

ПОДЛОГА
Според сликата што ја постави, не се гледа баш најдобро дали имаш поставено стиропор под аквариумот или некаков друг вид на мека подлога.
Тврдата подлога под аквариумот може да биде кобна за самиот аквариум поради нерамнините што е можно да ги има на самото постолје и затоа стиропорот тука е најдоброто решение. Во случај ако немаш никаква подлога, прва работа што треба да ја направиш е да го поставиш него!

ФИЛТРАЦИЈА
Филтерот што го има аквариумот е „екстерен“ како што спомна, но поради поставеноста на капакот тој е повеќе познат како „топ-филтер“ и е доста добар доколку користиш соодветни филтер-материјали.

ОСВЕТЛУВАЊЕ
Осветлувањето е релативна работа затоа што тоа многу зависи од изборот на тревките за кои самиот ќе мора да одлучиш кои видови на тревки ги сакаш, но генерално ја земаме границата од 0,5-1W на литар. Делот што го спомна дека неонките светат како дневна светлина се нарекува и топлина на светлина која се мери во келвини и исто така е многу важна за одредени видови на растнија.

РАСТЕНИЈА
За нарачка на семиња преку интернет мислам дека @kris и @DimitarJ нешто пробуваа, но не се сеќавам најдобро што направија тогаш. Се надевам да се уклучат во темава и да ти дадат одговор на ова прашање.

Понатаму, која тема може човек да ја пренесе тука кога сите се посебна приказна за себе!?  :dontknow:  Сите имаат различни поставки и комбинации на тревки со риби и тука човек тешко може да се одлучи која да ја препорача. Можеш слободно да го отвориш под-форумот за тревнати аквариуми (http://forum.mkreef.com/index.php?board=114.0) и да погледнеш кои најмногу ти се допаѓаат според насловните слики на темите. Во сите има детални објаснувања и ќе мора од време на време да ги пролисташ и на крајот самиот ќе добиеш инспирација што најмногу би ти одговарало.

Тревките генерално можат да се поделат на помалку или повеќе захтевни. Одржувањето исто така е различно кај сите нив и затоа најдобро е самиот да одредиш кој пат најмногу ќе ти одговара, но што и да одбереш ќе треба да се посветиш малку повеќе време и внимание особено на самиот почеток.

На форумов имаме мини и голема база на растенија... големата е сеуште во фаза на изработка, но поголемиот дел од неа веќе е изработена благодарение на @decobt.

мини база - http://forum.mkreef.com/index.php?topic=9100.0
голема база - http://forum.mkreef.com/index.php?topic=9275.0

Уф... малку се изнапишав!  :happy:

Offline ivica74sk

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Apr 2009
  • Location: Skopje
  • Age: 43
  • Posts: 11152
  • Karma: 375
Re: Мојата глорифицирана витрина
« Reply #2 on: March 27, 2016, 02:04:47 PM »
Pocto se kaza.Se iznapisa zosto veruvam prepozna potencijal.I jas mislam deka go ima vo dovolna doza i edvaj cekam da vidam kako ke se razviva ovaa prikazna.

Offline Kiko

  • Forum Moderator
  • Aqua clen
  • *
  • Join Date: Dec 2015
  • Location: Скопје
  • Age: 37
  • Posts: 231
  • Karma: 8
Re: Мојата глорифицирана витрина
« Reply #3 on: March 27, 2016, 02:20:13 PM »
На интернет пронајдов семиња за водни треви (ехм... aliexpress), па ме интересира дали е паметно да се обиде човек така да го засади.

За нарачка на семиња преку интернет мислам дека @kris и @DimitarJ нешто пробуваа, но не се сеќавам најдобро што направија тогаш. Се надевам да се уклучат во темава и да ти дадат одговор на ова прашање.

Еве ја темата ;)

Offline DimitarJ

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Apr 2009
  • Location: Skopje
  • Age: 42
  • Posts: 7108
  • Karma: 152
    • eSoft solution
Re: Мојата глорифицирана витрина
« Reply #4 on: March 27, 2016, 10:03:46 PM »
Ти пиша колегата доста опширно.
Јас само ќе ти кажам да си купиш растенија од некој од форумов или од продавница. Не си го арчи времето со семиња од алиекспрес

Offline vladoma

  • Aqua clen
  • ***
  • Join Date: Oct 2012
  • Location: Skopje
  • Age: 47
  • Posts: 369
  • Karma: 52
Re: Мојата глорифицирана витрина
« Reply #5 on: March 28, 2016, 12:05:10 AM »
Здраво 56805 и со среќа враќањето во акваристиката,
Твојава слика на празен аквариум во агол ме подсети и на мојот почеток: http://forum.mkreef.com/index.php?topic=8506.0
поради тоа што имам аголен аквариум, од истата марка атман и ист тип на филтрација.
За да направиш убав и стабилен (читај без алги и со здрави растенија) тревнат аквариум треба
доста работа и енергија, ама ако се има желба се ќе си дојде на место,
на крајот на краиштата сатисфакција треба да е и запознавањето на сите процеси (како добри така и лоши) што се јавуваат во ови мали еко системи.

Најголемиот проблем што го имав ја со мојот аквариум беше слабото осветлување, конкретно 2 PL неонки од по 11W,
Со модифивицирање на капакот, замена на електрониките и доадавање на вентилаторче успеав да бутнам една 55W PL неонка и со тоа некако стигнав до 0.5 W/Lit осветлување,
Тоа е сериозна промена која се прави со тешко срце на фабрички стокмен аквариум, меѓутоа придобивките за ратенијата се големи. Кај тебе веќе е појако осветлувањето но и 2.5 пати поголема е литражата, сепак висината на двата аквариума е околу 550мм, така да можеби кај тебе ќе биде доволно големо осветлувањето.

Ако мислеше за подлога за подлога за растенијата ја имам пробано 2 до сега.
Првата беше доле слој Sera FloreDepot горе слој кварцен чакал 2-3 мм
Вторава ми е ADA Malaya. Од вторава сум многу задоволен, проблем е што е скапа и не се наоѓа кај нас.
Сепак постојат и трети опции кои се поевтини,  може да си ги направиш сам и ги има опишано на форумов.

И за осветлувањето и за подлогата како и за се друго ќе читнеш ќе си пробаш и ќе видиш,
ако не иде ќе пробаш друг начин итн...

Offline parg0

  • Neaktiven
  • *
  • Join Date: Mar 2016
  • Location: Скопје
  • Age: 39
  • Posts: 4
  • Karma: 0
Re: Мојата глорифицирана витрина
« Reply #6 on: March 29, 2016, 10:19:51 PM »
Значи здраво пак. И благодарам на сите што одвоивте време да ми пишете.
После потрошени часови во читање теорија по форуми и блогови и не толку ретко контрадикторни мислења и совети, сметам дека е време за почеток на планирањето и набавката на одредени материјали.

- сакам да набавам еднобоен постер за да не се гледа ѕидот, пресечениот радијатор и сета електроника што ќе биде обесена на ѕидот позади аквариумот. Планирам да набавам еднобоен црн постер. Сметам дека така аквариумот ќе добие на длабочина. Доколку некој знае каде во Скопје ги има и по која цена се движат, навистина ќе бидам благодарен на информацијата.

- @vladoma, да, на растениска подлога мислев. А поради финансии веројатно ќе се откажам од набавка на специјализиран аквариумски хумус. Ќе се обидам со хумус за цвеќе, со тоа што планирам преку хумосот да ставам некаква мрежеста материја, на пр. пластична мрежа за комарци, а врз тоа да ставам песок со некоја средна гранулација. Секако ќе внимавам на содржината на минералите при набавката.
У ствари ај да не се избрзувам. Претпоставувам дека оваа Sera FloreDepot може да се пронајде кај нас. Дали е премногу скапа?

- Како што кажав во аквариумов имам 2 неонки од по 36W. Тие имаат 2G11 база и се од типот FSL YDW36-HRR. Сакам едната веднаш да ја заменам со неонка во боја, по можност црвена, меѓутоа не успеав да пронајдам неонка во боја со таква база. Доколку некој има информација каде може да се пронајде, фала му ептен! :)
Доколку не успеам, тогаш алтернативно ќе набавам од оние подводните лед сијалици што се ставаат во езерца, што можеби и ќе биде паметно да го направам за да имам 72W осветлување со дневна светлина. Сепак ова е прилично длабок аквариум.

- Треви... @kiko, @kris, @dimitarj, сепак ќе одам и со aliexpress треви. Меѓутоа не оние 10типа, 500 семки за $2usd :D, туку со следново: http://www.aliexpress.com/item/Plant-seed-Glossostigma-elatinoides-Hemianthus-callitrichoides-aquarium/32606413604.html
(ми се допаѓаат!). Секако - навремено ќе бидете известени за „успехот“ и за тоа колку се каам што си го потрошив времето. ;)

@pocttopus благодарам многу на советите. Навистина си одвоил време за да ми помогнеш. А онаа базата со треви... ауууууууууу!  applause

Offline vladoma

  • Aqua clen
  • ***
  • Join Date: Oct 2012
  • Location: Skopje
  • Age: 47
  • Posts: 369
  • Karma: 52
Re: Мојата глорифицирана витрина
« Reply #7 on: March 29, 2016, 11:18:06 PM »
Би требало да најдеш FloreDepot депот и не би требало да е многу скапа,
ама сепак потребната количината за твојава литража и може да испадне скапа :(.
Кога барав неонка 36w со твојот формат и боја 6000k едвај најдов во Скопје,
а да не зборам ако бараш некоја специфична боја,
Конкретно благодарение на информацииве од форумов ја најдов во Винт http://vint.com.mk/
За ратениијата не би ти препорачакл да почнеш со тепих растенија, ако немаш искуство,
првин почни со стеблести брзо растечки растенија додека не ти се стабилизира аквариумот,
после пробувај што сакаш.
Конкретно би ти ја препорачал Hygrophilia polisperma, расте како луда и за почеток е супер за да ти го исчисти аквариумот од амонијак и нитрати...
Со семиња немам искуство, ама не е проблем да ти дадам од мојата берба кога ќе шишам растенија...

Offline pocttopus

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Oct 2009
  • Location: Скопје
  • Age: 39
  • Posts: 6249
  • Karma: 11
Re: Мојата глорифицирана витрина
« Reply #8 on: March 30, 2016, 01:34:24 AM »
Здраво уште еднаш.

- сакам да набавам еднобоен постер за да не се гледа ѕидот, пресечениот радијатор и сета електроника што ќе биде обесена на ѕидот позади аквариумот. Планирам да набавам еднобоен црн постер. Сметам дека така аквариумот ќе добие на длабочина. Доколку некој знае каде во Скопје ги има и по која цена се движат, навистина ќе бидам благодарен на информацијата.
Црн еднобоен постер можеш да набавиш од СИТО Графика (http://www.sitografika.com.mk/mk/home) која се наоѓа во дебар маало, а до неа имаше и уште една продавница за ваков вид на материјали (и го заборавив името)... мислам дека беше во истата уличка каде што се наоѓа кафе барот „Круг“.

- Како што кажав во аквариумов имам 2 неонки од по 36W. Тие имаат 2G11 база и се од типот FSL YDW36-HRR. Сакам едната веднаш да ја заменам со неонка во боја, по можност црвена, меѓутоа не успеав да пронајдам неонка во боја со таква база. Доколку некој има информација каде може да се пронајде, фала му ептен! :)
Доколку не успеам, тогаш алтернативно ќе набавам од оние подводните лед сијалици што се ставаат во езерца, што можеби и ќе биде паметно да го направам за да имам 72W осветлување со дневна светлина. Сепак ова е прилично длабок аквариум.
ВИНТ се овластени застапници за Philips светилки кај нас, а неонката што ти треба е PHILIPS AQUARELLE. Многу членови сме земале од кај нив, ги имаат сите стандардни димензии. На линкот од погоре има контакт форма, побарај ги преку телефон и прашај ги што имаат на лагер и внимавај кој тип на неонка ти треба, Т5 или Т8. Со Aquarelle-то црвената неонка нема да ти биде неопходна.

Ако веќе се решиш да правиш ЛЕД осветлување, тогаш само power led. Разгледај ја темава и ќе видиш самиот колку профи изгледа со нив (http://forum.mkreef.com/index.php?topic=9655.0). @Aleksandar B може да ти помогне многу околу нив.  :icon_thumright:

Тревнат аквариум со лед светло од внатре... не можам ниту да замислам како ќе изгледа!  :no:

- Треви... @Kiko, @kris, @DimitarJ, сепак ќе одам и со aliexpress треви. Меѓутоа не оние 10типа, 500 семки за $2usd :D, туку со следново: http://www.aliexpress.com/item/Plant-seed-Glossostigma-elatinoides-Hemianthus-callitrichoides-aquarium/32606413604.html
(ми се допаѓаат!). Секако - навремено ќе бидете известени за „успехот“ и за тоа колку се каам што си го потрошив времето. ;)
Пробај и сподели искуство ако си толку решен да нарачаш преку интернет, но според мене мислењето на @vladoma повеќе држи вода да започнеш со стеблести растенија, а покасно премини на „тепих“.


едит: за подлогата контактирај ги Декспорт (http://zk.mk/deksport-oaza?lang=en). Тие носат производи на Sera.  :icon_thumright:
« Last Edit: March 30, 2016, 06:37:50 AM by pocttopus »

Offline pocttopus

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Oct 2009
  • Location: Скопје
  • Age: 39
  • Posts: 6249
  • Karma: 11
Re: Мојата глорифицирана витрина
« Reply #9 on: October 09, 2016, 01:33:52 PM »
...
- Треви... @Kiko, @kris, @DimitarJ, сепак ќе одам и со aliexpress треви. Меѓутоа не оние 10типа, 500 семки за $2usd :D, туку со следново: http://www.aliexpress.com/item/Plant-seed-Glossostigma-elatinoides-Hemianthus-callitrichoides-aquarium/32606413604.html
(ми се допаѓаат!). Секако - навремено ќе бидете известени за „успехот“ и за тоа колку се каам што си го потрошив времето. ;)

@pocttopus благодарам многу на советите. Навистина си одвоил време за да ми помогнеш. А онаа базата со треви... ауууууууууу!  applause

Бидна ли нешто со аквариумот после толку време?  :happy: