collapse

* Prebaruvanje


Author Topic: ТИПОВИ НА ФИЛТРАЦИЈА  (Read 556 times)

0 Members and 1 Guest are viewing this topic.

Offline spike15_mk

  • Aqua clen
  • ***
  • Join Date: Jun 2008
  • Location: Gostivar
  • Age: 31
  • Posts: 462
  • Karma: 17
    • MKreef Forum za morska i slatkovodna akvaristika
ТИПОВИ НА ФИЛТРАЦИЈА
« on: July 09, 2008, 07:29:53 PM »
     Понекогаш забораваме дека водата кај рибите е воздухот кај луѓето. Во дивината поради огромната количината на вода нуспродуктите се раствораат во водата моментално, и таа количина не е токсична за рибите. Но во споредба со нашите аквариуми, тоа е више друга приказна. Ако правилно не го одржуваме аквасриумот нуспродуктите може да се зголемат во толкав број што може да биде фатален за нашите риби. Најголем непријател на нашите рипки е амоњакот. Тој се ствара од недојадената храна, од шкргите на рибите, и од изметот. Што значи дека помалите аквариуми и поголемите аквариуми ако се пренатрупани со риби и ако немаат правилна филтрација се осудени на пропаст.
     Не треба да заборавиме дека аквариумот е дел од природата. Тоа е една биосфера, парче од природата која е во нашиот дом.
      За да ги контролираме отровните продукти ни треба некаква врста на филтрација во нашиот аквариум. Постојат 3 врсти на филтрација и тоа: Механичка, биолошка и хемиска.

Механичка:
-Во главно амоњакот се ствара од недојадената храна, од шкргите и изметот на рибите. Храната и изметот паѓаат доле на песокот. За да ја намалиме веројатноста на зголемување на амоњакот треба да го ишмукаме тоа од подлогата. Тоа го правиме со сифон. Сифонот работи на принцип сврзани садови на водата. Сифонот можеме да го купиме, а и можеме да го направиме од црево и шише.

Биолошка:
-Биолошката филтрација во принцип е начин за стварање на добри бактерии кои се борат против амоњакот и другите штетници во нашиот аквариум. Постојат бактерии кои амоњакот го разредуваат на малку отровни нитрит, и скоро неотровни нитрат бактерии. Во главно мајката природа ни го има решено овој проблем. Овие бактерии се закачуваат насекаде во аквариумот, истотака и на филтерот што го имаме.

Хемиска:
- Хемиската филтрација го отстранува растворениот отпад од нашиот аквариум. Растворениот отпад во нашиот аквариум е на молекуларно ниво и може да се подели на две групи и тоа: неполарен и поларен. Најпознатиот метод е филтрирање на водата со помош на активен јаглен, кои го трга неполарниот отпад, но го трга и поларниот. Друг ефективен метод е "protein skimming", кој ги отстранува отпадоците(поларните) како органиске соединенија.


Поздрав
 
...And Justice For All

iron man

  • Guest
Re: ТИПОВИ НА ФИЛТРАЦИЈА
« Reply #1 on: July 09, 2008, 11:02:01 PM »
Малце да те поправам околу биолошката филтрација значи амонијата или NH3 и NH4 и нитритите NO2 се подеднакво токсични тие во нашите аквариуми треба да се немерливи или 0 мг/л додека нитратите или NO3 треба да ги држиме на ниво пониско од 20мг/л бидеики и тие се токсични само на подолгороцно ниво така да нема заебанции со овие соединенија тие се поддеднакво токсични и треба нивното ниво секогаш да е под контрола.

Offline spike15_mk

  • Aqua clen
  • ***
  • Join Date: Jun 2008
  • Location: Gostivar
  • Age: 31
  • Posts: 462
  • Karma: 17
    • MKreef Forum za morska i slatkovodna akvaristika
Re: ТИПОВИ НА ФИЛТРАЦИЈА
« Reply #2 on: July 10, 2008, 06:19:11 AM »
Благодарам за деталното пообјаснување.  :D.
...And Justice For All

Offline pocttopus

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Oct 2009
  • Location: Скопје
  • Age: 39
  • Posts: 6279
  • Karma: 12
Re: ТИПОВИ НА ФИЛТРАЦИЈА
« Reply #3 on: January 25, 2017, 01:13:48 AM »
https://twitter.com/forum_mkreef/status/824198451315572737

Tags: