collapse

* Prebaruvanje


Author Topic: Betta Splendens  (Read 558 times)

0 Members and 1 Guest are viewing this topic.

Offline Ugrin

  • Aqua clen
  • ***
  • Join Date: Nov 2008
  • Location: Скопје
  • Age: 31
  • Posts: 280
  • Karma: 20
Betta Splendens
« on: September 29, 2010, 11:40:35 AM »
До пред некое време разможував бета борци(Betta Splendens), па редно е да напишан нешто околу нивното размножување. Пред се параметрите на водата: водата треба да е отстоена неколку дена, врдината не игра никаква улога на оплодувањето на јајцата и развојот на рипчињата. Треба да се одржува ниско количество на нитрати/ нитрити...
Рибите пред самиот мрест треба да се чуваат одвоено и да се припремат за мрест така што ке се хранат со разновидна храна(замрзната, жива, сува- богата со протеини). Сето ова трае 1-2 недели, кај женката се додека не се зголеми мешето и да се појави бело цревце(ovipositor) од кое излегува икрата.
Наредно нешто е припремување на аквариумот за мрест и поставување на мажјакот. Аквариумот не треба да е поголем од 30l, нивото на водата треба да е околу 15cm, температура 27-30°C, водата е отстоена неколку дена... Во аквариумот можат да се постават растенија кои би му помогнале на мажјакот да го направи гнездото од меури, а воедно и женката да може да се засолни(бидејки мажјакот ке ја брка). Јаванската мов е одлично место каде може женката да се крие, а и произведува микроорганими, кои понатаму ке послужат како почетна храна за малите рипчиња. Ако немате растенија што пловат, тогаш можете да ставите парче стиропор(10x10cm), под кое мажјакот ке направи гнездо.
Значи аквариумот е наместен со сите тркатанциЧ треви, филтер, греач, стиропор, ковчег, замок :))))). Нареден чекор е додавање на мажјакот во аквариумот. Тој претходно е хранет 2 недели со разновидна храна... Се остава да го запознае "теренот" 2-3 дена, а во исто време ќе направи гнездо ако е спремен за мрест.
После 2-3 дена од додавање на мажјакот, се додава жеката во аквариумот. Најдобар начин да видиме дали двете риби се спремни за мрест е следниот:
Женката се става во посуда(ведилка, пластично шише, стаклена вазна, тегла...) каде што ке можат да се гледаат со мажјакот. Ако мажјакот е спремен ке почне забрзано да гради гнездо од меурчиња, и ке се лепи до садот во кој се наоѓа женката со раширени перки. Женката пак, ако е спремна ке се наведне под агол со главата надоле и на телото ке и се појават БЕЛИ ВЕРТИКАЛНИ линии кои сигнализираат дека е спремна. Црните хоризонтални линии кај женката претставуваат стрес!
Откога сме ја поставиле женката убаво е да пројде 1 ден, па потоа да ја пуштиме со мажјакот. Кај мене се случувало женката сама да си скокне од посудата и одма да се спари со мажјакот(ептен техичарка ghgf). Мажјакот ке почне да ја брка женката, таа ке бега и ке се крие, се додека не одлучи да дојде под гнездото, да се движи со телото како змија и да почне мрестот. Понекогаш женката може да биде очерупана, но немојте да ја вадите, освен ако нема сериозни рани по теолото и главата или некаква инфекција.
Почнува мрестот, кој што трае од 2 до 5 часа. Мажјакот се обмотува околу женката ја стиска, таа положува јајца на неговата анална перка, тој ја оплодува икрата и паѓаат во транс. После тоа мажјакот и женката ја собираат оплодената икра и ја ставаат во гнездото. Ова се повторува се додека женката нема повеќе икра во себе.
Многу битна работа е да се одберат складни парови! Што значи тоа? Мажјакот секогаш треба да е поголем од женката за да може да ја "префати", односно да ја стисне.
По самиот мрест мажјакот ја брка женката, станува агресивен кон неа. Сега треба да бидеме брзи и да ја извадиме женката што побрзо, за да не биде убиена. Негде прочитавв дека женката може да ги изеде јајцата после мрестот, меѓутоа јас сум немал вакво искуство.
На малецките им треба 48 часа да излезат во икрата(понекогаш и помалце во зависност од температурата) и 48часа да пропливаат. Мажјакот седи со малите се додек не пропливаат. Тој се грижи за икрата, ја чисти, преместува, понатаму ги прибира малите во гнездото и го одржува гнездото.
Чим ке видите неколку ришчиња да пливаат слободно тргнете го мажјакот. Откако ке пропливаат малите треба да се започне со првиот оброк што побрзо! Значи инфузориа е првата храна или тврдо варена жолчка која треба да се раствори убаво и да се капнат неколку капки. Не претерувајте со жолчката, бидејки можете да ја загадите водата, а и saprolegnia се нафаќа на неа. После 2 дена хранење со инфузоира или жолчка можеме да им дадеме артемиа. Немојте да ги раните со микро црви, бидејки рипчињата ке бидат на дното цело време и ке се јави аномалија при пливањето и нема да им се развијат пекторалните перки! Значи микро црви како прихрана можат да се коритстат, а не како главна храна. Кога малецките ке потпораснат над 1cm можете да почнете да ги храните со сува храна, гриндали итн итн...
Многу битна работа!!!
Бета борците се риби кои што нејкат голема турбулениција! Тие живеат во бари и оризови полиња. Значи кога ќе биде мрестот се поставува распрскувач и филтер кој нема да пуштаат многу меурчиња, да не ја разбрануваат водата а со тоа и да се уништи гнездото на мажјакот. Друга работа. Аквариумот би требало да биде покриен со стакло! Тоа е бидејки овие риби спаѓаат во фамилијата gourami, што значи земаат кислород од површината на водата, а не од самата вода. Кај малецките се развива органот лабиринт после месец дена, тогаш почнуваат да земаат кислород од површината, па за да биде температурата на воздухот слична на видата и да не настинат  ghgf треба да се ставу стаклоооо. Распрскувачот и филтерот се појачуваат со растењето на малецките. Вода може да се менува после недела дена. Јас обично менував по 20- 30% на секои 2-3 дена.
Друга работа: хемикалии не користете за третман на водата, еднинствено нешто што мпжете да ставите е лист од индиски бадем т.е indian almond leaf, кој за жал ретко го има кај нас, а помага во уништување на сапролегнијата, ги дезинфицира раните на рибите и слично.

Ако ве интересира нешто повеќе, топло ви ги препорачувам следниве два линка:
http://www.bettaterritory.nl/
http://www.bettas4all.nl/


Еве клипче и слика од моите мрестови:


Од овој мрест излегоа 350 рипчиња!!! Обично излегуваат околу 100, ама пошто се правев паметен и не стаив филтер, ми изумреа 200, највероватно амонјак, нитрати покачени...

Слики од еден многу успершен мрест(успеав да пораснам 250 рипчња)


На купче собрани  5265






И еве слика од просториата со аквариуми:


Offline Cimento

  • Plant junkie
  • Mega clen
  • *****
  • Join Date: Jun 2008
  • Location: Tetovo
  • Age: 36
  • Posts: 1484
  • Karma: 99
Re: Betta Splendens
« Reply #1 on: September 29, 2010, 12:08:17 PM »
 gsdxxvzzz
Happines is like peeng in your pants. Everyone can see it but only you can feel it's warmth!

Offline Cimento

  • Plant junkie
  • Mega clen
  • *****
  • Join Date: Jun 2008
  • Location: Tetovo
  • Age: 36
  • Posts: 1484
  • Karma: 99
Re: Betta Splendens
« Reply #2 on: September 29, 2010, 12:08:47 PM »
Браво за текстот! Си се изнапишувал 560855
Happines is like peeng in your pants. Everyone can see it but only you can feel it's warmth!

Offline Uran

  • BigUran - Osnivac
  • SeaWolf
  • *******
  • Join Date: May 2008
  • Location: Rio Drimo Negro
  • Age: 51
  • Posts: 12166
  • Karma: 469
    • AquaPark
Re: Betta Splendens
« Reply #3 on: September 29, 2010, 12:10:08 PM »
Taka bre Ugrine, vreme bese i kaj nas da se pofalis so ova, bravo  560855
Koj gi slusa ribite koga placat ??     http://mkreef.blogspot.com

Offline nenad66

  • SeaWolf
  • *******
  • Join Date: Dec 2008
  • Location: Rio- "pena"
  • Age: 51
  • Posts: 6246
  • Karma: 226
Re: Betta Splendens
« Reply #4 on: September 29, 2010, 12:11:20 PM »
 gsdxzzz gsdxzzz560855
se ke bide samo na cosiot brada nema da mu nikne

Offline Ugrin

  • Aqua clen
  • ***
  • Join Date: Nov 2008
  • Location: Скопје
  • Age: 31
  • Posts: 280
  • Karma: 20
Re: Betta Splendens
« Reply #5 on: September 29, 2010, 12:19:53 PM »
Браво за текстот! Си се изнапишувал 560855
хехе, нема лабаво  5265, утре ке отворам тема за мрестење на "омилената" риба на форумот.
« Last Edit: September 29, 2010, 12:21:16 PM by Ugrin »

Offline ADZI

  • aquamaniac
  • ******
  • Join Date: May 2008
  • Location: Skopje, MACEDONIA
  • Age: 36
  • Posts: 2222
  • Karma: 25
Re: Betta Splendens
« Reply #6 on: September 29, 2010, 01:16:12 PM »
masala Ugrin PROFIIIII  applause applause applause

Offline DimitarJ

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Apr 2009
  • Location: Skopje
  • Age: 42
  • Posts: 7132
  • Karma: 154
    • eSoft solution
Re: Betta Splendens
« Reply #7 on: September 29, 2010, 01:37:45 PM »
 gsdxzzz почасти со некоја слика повеќе од аквариумите. Може сегашна состојба и да видиме што има ново кај тебе.

Offline petreski t.

  • Mega clen
  • *****
  • Join Date: Feb 2009
  • Location: skopje
  • Age: 26
  • Posts: 1437
  • Karma: 69
Re: Betta Splendens
« Reply #8 on: September 29, 2010, 10:55:00 PM »
 gsdxzzz gsdxzzz 560855

Offline ivica74sk

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Apr 2009
  • Location: Skopje
  • Age: 43
  • Posts: 11153
  • Karma: 375
Re: Betta Splendens
« Reply #9 on: September 29, 2010, 11:08:58 PM »
  560855 Jas vekje godina dena cuvam eden prekraseen plav mazjak od tvoe proizvodstvo.Sega me teras so tekstov da go zenam. ghgf

Offline Ugrin

  • Aqua clen
  • ***
  • Join Date: Nov 2008
  • Location: Скопје
  • Age: 31
  • Posts: 280
  • Karma: 20
Re: Betta Splendens
« Reply #10 on: September 30, 2010, 05:03:31 AM »
  560855 Jas vekje godina dena cuvam eden prekraseen plav mazjak od tvoe proizvodstvo.Sega me teras so tekstov da go zenam. ghgf

Ивица жени го, не го оставај ерген таман време му е.  ghgf

Offline ivica74sk

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Apr 2009
  • Location: Skopje
  • Age: 43
  • Posts: 11153
  • Karma: 375
Re: Betta Splendens
« Reply #11 on: September 30, 2010, 07:43:55 AM »
Ama ke dades nevesta ili da ti go pratam domazet? ghgf

Offline zorans83

  • Super clen
  • ****
  • Join Date: Jun 2008
  • Location: Skopje
  • Age: 34
  • Posts: 838
  • Karma: 64
    • cichlidsmk.com
Re: Betta Splendens
« Reply #12 on: September 30, 2010, 08:18:10 AM »
a koga pocnuvas da gi dvois mazjacite?
koga pocnuvaat da se tepaat?

Offline jufka

  • aquamaniac
  • ******
  • Join Date: Dec 2008
  • Location: Тетово
  • Age: 34
  • Posts: 2133
  • Karma: 106
Re: Betta Splendens
« Reply #13 on: September 30, 2010, 09:11:01 AM »
Odlicen tekst Ugrin gsdxzzz  560855

Offline Ugrin

  • Aqua clen
  • ***
  • Join Date: Nov 2008
  • Location: Скопје
  • Age: 31
  • Posts: 280
  • Karma: 20
Re: Betta Splendens
« Reply #14 on: September 30, 2010, 09:16:19 AM »
Ivica jas ne cuvam vekje beta borci, za zenki imas kja dragi vo Herma. Inace mazjacite sto poskoro se odvojat- toa podobro, bidejki ke pocnat da si gi unistuvaat perkite i ke nalikuvaat na zenki. :D

Offline volter

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Oct 2011
  • Posts: 9
  • Karma: 0
Re: Betta Splendens
« Reply #15 on: October 24, 2011, 03:26:44 PM »
Bravo za tekstceto !
 applause

Offline grujo

  • Super clen
  • ****
  • Join Date: May 2010
  • Location: Ohrid, Macedonia
  • Age: 30
  • Posts: 864
  • Karma: 42
Re: Betta Splendens
« Reply #16 on: October 24, 2011, 05:00:24 PM »
sekoja cest  applause  applause  applause   560855

Offline pocttopus

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Oct 2009
  • Location: Скопје
  • Age: 39
  • Posts: 6355
  • Karma: 12
Re: Betta Splendens
« Reply #17 on: October 24, 2011, 10:41:59 PM »
без коментар, само карма за текстот и трудот.  560855

Tags:
 

Users Online Users Online (29)
Members Google