collapse

* Prebaruvanje


Author Topic: Скопската Зоолошка градина бара волонтери  (Read 143 times)

0 Members and 1 Guest are viewing this topic.

Offline jufka

  • aquamaniac
  • ******
  • Join Date: Dec 2008
  • Location: Тетово
  • Age: 34
  • Posts: 2133
  • Karma: 106
   Ви го презентираме во целост соопштението на ЈУ Зоолошка градина – Скопје, кое сметаме дека кај добар дел од вас ќе побуди интерес. Можност и вие активно да се вклучите  во работата на истата и да придонесете истата да го продолжи својот нагорен тренд на работа, кој го имаше во изминатите година-две.

Досегашните пофалби критики и сугестии нам ни беа двигател за продолжување на зацртаните планови и програми за надградување на зоолошката градина и подигање на повисоко ниво како јавна установа во која посетителите можат да се едуцираат, рекреираат и забавуваат.

•  Зоолошката градина од Скопје има потреба од ангажирање на волонтери кои би помогнале во понатамошниот развој . Пожелно е волонтерите да бидат со предзнаење од областа на Биологијата и Ветерината . Сите заинтересирани за подетални информации може да се информираат во просториите на Зоо Скопје кај Милошевски Јорданчо Биолог – кустос , Стаменов Татјана – едукатор и Левајковиќ Весна – ДВМ .

•   Зоолошката градина од Скопје има потреба од ангажирање на волонтери за еко – патроли кои би помагале за време на викендите преку опоменување на посетителите да не им даваат храна животните, да се однесуваат според начелата за однесување во зоолошката градина кои се истакнати на информативна табла бидејќи за време на викенд има најголем број на посетители,

•  Заинтересираноста на посетителите здруженија и фирми кај нас вродија идеа за нивна по континуинирана активност и вклученост. Поради тоа АПЕЛИРАМЕ секој според своите интереси и афинитети да пројави желба за активна вклученост во оплеменување на живеалиштата и нивната околина со донирање на растителни видови доколку ги поседуваат, а не им требаат и тоа по можност од следниве декоративни растителни видови.
Anturium andreanum    Антуриум
Begonia semperflorens    Бегонија
Brassica oleracea    Декоративна зелка
Calendula officinalis    Невен
Chrisanthemum multiflora    Хризантема
Lavandula nana    Лаванда
Petunia hybrida    Петунија
Primula vulgaris    Јаглика
Rosmarinus officinalis    Рузмарин
Verbena hybrida    Вербена
Viola tricolor    Љубичица
Vinka major    Винка
Monstera    Монстера
Philodendron    Филадендрон
Alocasia amazonica    Алокасија
Calathea    Калатеа
Cyclamen persicum    Циклама
Dendrantema    Хризантема
Dracena fragrans    Дрво  на животот

Превземено од http://cooltura.mk/?p=485

Offline ivica74sk

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Apr 2009
  • Location: Skopje
  • Age: 43
  • Posts: 11153
  • Karma: 375
 Tesko deka ke najdat.Volonteri vo ova vreme na pari e mislovna imenka.Sekoja cest ako sepak se pojavat.Ama vo ova vreme koga vremeto e najskapo ne veruvam deka nekoj bi  se prijavil.Ili mozebi gresam?

vsutarov

  • Guest
Se znae javna svest kako se zgolemuva,turi kazni i vednas ke se zgolemi.

Tags: