collapse

* Prebaruvanje

* Posledni Postovi

DOBRO UTRO by NO CARRIER
[December 08, 2023, 11:53:36 PM]

staklen pesok za akvariumi by p
[September 05, 2023, 11:48:43 PM]

The first post content
Што е Синдром на ново формиран аквариум?

Синдром на ново формиран аквариум е ситуација каде што има аквариум со риби, со вишок на риби, а нема доволно корисни бактерии да го разградуваат отпадот. Кога се стартува аквариумот, тие се биолошки стерилни. Кога ќе додадете риба, се добива отпад. Најважниот “отпад” од кој треба најмногу да се грижите е Амонијак (NH3). Амонијакот е отровен за рибите и другите жители на аквариумот. Затоа, не смееме да дозволиме амонијакот да изгради концентрација доволно висока за да ги  убие нашите риби. Во природата, амонијакот се консумира од бактерии (Nitrosomas). Ние ќе ги користат истите бактерии во нашите аквариуми за контрола на амонијакот. Кога амонијакот го трошат бактериите, се претвара во нитрити (NO2). Но и нитритите сеуште се отровни за рибите. Ќе ни треба втора колонија на бактерии (Nitrobacter) за да го направат нитритот безопасен. Најнови истражувања открија дека "nitrospiras" се бактерии во аквариумот кои нитритите ги претвараат во нитрати. Времето потребно за да се развијат двете различни бактериски колонии во аквариумот и да биде аквариумот чист од токсичниот отпад, потребно е околу 4 до 6 недели, во некои случаеви и повеќе. Кога бактериите ќе се развијат, може да се каже дека аквариумот е стабилизиран.
 
Што ако не сте дочекале да се стабилизира аквариумот?

Единствениот лек е да се додадат полезни бактерии во аквариумот. Постојат многу начини ова да се сработи. Додавањето на вода од стабилен аквариум е најлесниот начин. Постојат разни бактерии во шишиња на пазарот, но многу малку од нив работат. Втор извор на овие бактерии е да го измието сунгерот од веќе стабилен аквариум во вашиот филтер. Ова ќе служи како семе во вашиот аквариум и ќе се размножуваат низ него (најдобро работи овој начин). Сунгерите не треба да се дозволи да се исушат бидејки тоа ќе ги убие, исто така ќе ги убие ако ги миете сунгерите (филтер матријалот) со вода од чешма т.е. вода со хлор, најдобро е да се измијат со вода од аквариумот, но за тоа повеќе кога ќе се збори за миење на филтер матријалот.

Додавањето на бактерии во аквариум, во кој нема риби или амонијак, нема да имаат циклус на размножување. Мора да се запомни дека бактериите го користат амонијакот како "храна", така да ако не постои "храна" за бактериите, тие нема да можат да се размножуваат. Значи се додаваат бактерии само ако аквариумот е населен со риби кои не се осетливи на амонијак или други издржливи жители како што се ракчињата/козици (Red Cherry Shrimps).

Исто корисен совет е, додека трае овој циклус да се додава кислород во аквариумот. Бактериите мора да имаат доволно кислород за да го претвораат амонијакот во нитрити и потоа во нитрати. Кога постои недостиг на кислород, времето потребно за да се стабилзира вашиот аквариум се продолжува. Додавање на воздушна пумпа или било кој друг начин за додавање на кислород ќе ви помогне да го скратите времето потребно за вашиот аквариум да биде целосно стабилизиран.

Бактериите може да се развиваат само доколку pH вредноста е над 5.5. Под 5,5 pH, бактериите не се способни да се развиваат и на тој начин, во вашиот аквариум нема да се врши циклусот на стабилизирање.

Температурата на водата исто така игра голема улога во времето потребно за вашиот аквариум да се стабилизира. Оптимална температура за бактериски раст е помеѓу 24°C и 29°C. Бидете сигурни дека имаат оптимална температура во опсег. Од кога ќе заврши овој циклус, можеме да сметаме дека аквариумот е стабилен и можеме да ги додадеме саканите риби, но тоа треба да оди постепено за да не дојде до пренаселување на аквариумот, а со тоа и до дестабилизирање на истиот.

Link

Author Topic: Синдром на ново формиран аквариум  (Read 1607 times)

0 Members and 1 Guest are viewing this topic.

Offline goch

  • Mega clen
  • *****
  • Join Date: Oct 2008
  • Location: Skopje
  • Age: 34
  • Posts: 1352
  • Activity:
    0%
  • Karma: 108
Синдром на ново формиран аквариум
« on: November 11, 2011, 08:42:24 AM »

Goran Manevski

Tags:
 
Users Online Users Online (42)
Members Google (3)
SimplePortal 2.3.7 © 2008-2024, SimplePortal