collapse

* Prebaruvanje


Author Topic: Т5 и Т8 осветлување  (Read 204 times)

0 Members and 1 Guest are viewing this topic.

Offline goch

  • Mega clen
  • *****
  • Join Date: Oct 2008
  • Location: Skopje
  • Age: 28
  • Posts: 1359
  • Karma: 108
Т5 и Т8 осветлување
« on: November 13, 2011, 01:46:09 AM »
Во овој текст станува збор за најпознатите врсти на неонско осветлување за тревнат аквариум, а тоа се Т5 и Т8.
Постојат повеќе различни типови на неонско осветлување. Ние ќе се фокусираме само на оние типови на осветлување кои се привлечни како стандард во акваристиката и за кои постои најголем избор на неонки. Тоа се T5 HO (high output) неонки и T8 неонки.

 

Големина, димензии и потрошувачка

Основна разлика помеѓу овие два типа на неонско осветлување е во нивната големина. Т5 неонките се потенки, имаат дијаметар 16mm, додека T8 неонките 26mm. Исто така се разликуваат и во должината, која повторно е директно поврзана со потрошувачката на овие неонки. Колку подолга неонка, потрошувачката на електричната енергија ќе биде поголема.
 

T8

Должина    Снага/потрошувачка:
38 cm    14W
45 cm    15W
60 cm    18W
75 cm    25W
90 cm    30W
120 cm    36W


T5

Должина Снага/потрошувачка:
55 cm    24W
85 cm    39W
115 cm    54W
 

Технички карактеристики на овие неонки:

Произведувачите најчесто ни даваат 5 карактеристики за овие неонки:
-   Енергијата што се троши е изразена во ватите W
-   Температурата на неонката преку келвинии
-   Светлосниот флукс преку лумените
-   CRI индекс
-   Спектар

- Температурата на неонката е изразена во Келвини, бојата на светлината. Иако човечкото око реагира само на ограничен спектар на светлосни бранови, тоа одлично ги разликува и многу малите разлики. Тие мали разлики ги викаме бои. Најкратка бранова должина имаат виолетовото и синото свтло, а најдолга црвеното. Сите знаеме дека сончевата светлина има температура од околу 6000K. Затоа што ние правиме обиди, да ја емитираме таа светлина најлесно може да се објасни вака:

-   Сончевата светлина на пладне преку неонка е 6000-6500K
-   Сончевата светлина во утринските часови и попладне преку неонка е 5000-5500K
-   Сончевата светлина при изгревање и заоѓање на сонцето преку неонка е 2000-3000K
-   Сочневата светлина при облачно време преку неонки е до 10500K

Главниот заклучок е дека неонките што имаат боја под 5500К зрачат жолтеникаво и црвенкасто светло, додека оние над 5500K зрачат светлина накај сина боја, што и температурата на неонката е поголема. Во акваристиката е докажано дека може да се користат неонки со боја од 5000 до 10000K и дека ќе бидат одлични за одгледување на растенија.
 

CRI индекс (eng. Color rendering index)

- CRI indeks (eng. Color rendering index) може да се преведе како одзивот на светлината, а покажува колку различен спектар неонката може да зрачи. Се прикажува со величини од 1 до 100, а што поголем, толку е поквалитетна неонката, но и поскапа. Сонцето има CRI 100. Под најквалитетно осветлување спаѓаат Класа 1а и имаат CRI над 90, додека неонките кои најчесто се користат во акваристиката спаѓаат во Класа 1б со CRI измеѓу 80-90.
Сега кога ја разјаснивме температурата и CRI индексот, лесно може да се препознаат карактеристиките на било која неонка.

Пример: Наидете во продавница на неонка со ознака 840. Првиот број кој ќе претставува CRI е индексот 8, а другите две температурата на неонката, што би значела 4000K. Исто така доколку наидете на неонка 965, нејзниот CRI индекс е над 90, а бојата/температурата 6500K
Спектарот на графиконот кој прикажува колкава количина на енергија некое светло емитува во опсег од 400mm до 700mm (спектар на видлива светлина).

Ова е спектарот на сонцето:




А ова би било спектарот на сонцето под вода:




Произведувачите на акваристичка опрема ретко прават правилни неонки со полн спектар, нудат разни неонки и комбинации за да се добие емитација на полниот спектар. Тоа не значи дека ние неможеме да побараме во специјализирани продавници за осветлување неонки со ознака CRI преку 80, кои се користат за други потреби и кои се доста поефтини од акваристичките, а имаат исти или подобри карактеристики.
Лумен е единица на светлосниот флукс, обележана со мерката SI lm. Затоа што светлосниот флукс ја претставува снагата на зрачење, емитира извор на светлината во сите смерови. Што повеќе лумени неонката има, тоа за нашите растенија е подобро. Две на изглед исти неонки по должина и ватажа, може да даваат потполно различна количина на лумени и на тоа треба да се обрати внимание.

И за крај, од најпознатите неонки кои можат да се најдат во продавниците, составивме листа на квалитет. Неонките кои имаат помал CRI индекс, производителите ги намениле да се кoристат во комбинација со неонки со различен спектар и не би требало да се користат како единствено осветлување:

CRI над 90 1а класа:
- Osram lumilux deluxe, Philips TL-D 90, JBL Solar серија неонки, Philips TLD Graphica Pro, Osram Biolux series, Philips T5 HO 90, Osram Fluor неонки, Sylvania Activa.

CRI од 80 до 89 1б класа:
- Osram lumilux, Sylvania luxline, Hagen flora-glo, Hagen life-glo, Dennerle акваристички неонки, Philips TL-D супер 80, Sylvania Daylightstar, Sera акваристички неонки, Philips Master TLD Super 80, Arcadia Freswater, Arcadia Orginal Tropical.

CRI од 70 до 79 2а класа:
- Osram natura, Hagen Aqua-glo, Phillips TLD Aquarelle, Hagen Power-glo.

CRI од 60 до 69 2б класа:
- Sylvania Gro-lux, Philips TLD 33, Sylvania standard series, Hagen Sun-glo, Sylvania Aquastar.


Автор на текстот Леонард Попович март 2010
Goran Manevski

Offline Ljube

  • SeaWolf
  • *******
  • Join Date: Jan 2009
  • Location: Skopje
  • Age: 38
  • Posts: 5787
  • Karma: 201
    • Aqua Park
Re: Т5 и Т8 осветлување
« Reply #1 on: November 13, 2011, 08:15:40 AM »
http://forum.mkreef.com/index.php?topic=1556.0
Gorane , proveri prvo ne maci se!!!

Na ovoj Forum nema sto nema, samo treba da pobaras.

Offline goch

  • Mega clen
  • *****
  • Join Date: Oct 2008
  • Location: Skopje
  • Age: 28
  • Posts: 1359
  • Karma: 108
Re: Т5 и Т8 осветлување
« Reply #2 on: November 13, 2011, 08:18:27 AM »
Упс, избриши го тогаш овој пост чим и ти го имаш преведено текстот на Леонард Попович.
Goran Manevski

Offline Ljube

  • SeaWolf
  • *******
  • Join Date: Jan 2009
  • Location: Skopje
  • Age: 38
  • Posts: 5787
  • Karma: 201
    • Aqua Park
Re: Т5 и Т8 осветлување
« Reply #3 on: November 13, 2011, 08:21:08 AM »
Aj neka stoi, edniot e kirilica edniot latinica, pa koj saka neka bira.  boske

Offline goch

  • Mega clen
  • *****
  • Join Date: Oct 2008
  • Location: Skopje
  • Age: 28
  • Posts: 1359
  • Karma: 108
Re: Т5 и Т8 осветлување
« Reply #4 on: November 13, 2011, 08:22:30 AM »
Nice choice.  applause boske
Goran Manevski

Tags:
 

Users Online Users Online (27)
Members Google (4)