collapse

* Prebaruvanje


Author Topic: Карантин  (Read 147 times)

0 Members and 1 Guest are viewing this topic.

Offline goch

  • Mega clen
  • *****
  • Join Date: Oct 2008
  • Location: Skopje
  • Age: 28
  • Posts: 1359
  • Karma: 108
Карантин
« on: November 13, 2011, 02:03:48 AM »
Имајте на ум дека "несаканите гости" чукаат на вратата за влез во аквариумот т.е. болестите. За да го спречите влезот на болестите во аквариумот треба да ги третирате новите риби и растенија со карантин. Добра идеја е сите нови риби да бидат во карантин од четири до шест недели пред да ги ставите во аквариумот.

Чувајте го аквариумот во добра форма и изведувајте го рутински одржувањето.

Ако купите една или две риби доволен ќе биде карантин од дваесетина литра. Единственото нешто што треба да го има карантинот се филтер (обично се става сунгер филтер или hang on filter) и греач.

 
Дали треба да се лечат?

Лекување на новите риби, не е лоша идеја (во карантин). Рибите се подложни на одредени проблеми или често ги имаат при набавка.

Дали е добра идејата, да се лечат во украсниот аквариум за да се спречи некој вид инфекција? Апсолутно не. Овој вид третман е веројатно ќе создаде повеќе проблеми отколку што би можел да ги реши. На пример, со овие третмани може да се уништи биофилтрацијата т.е. корисните бакетрии. Исто така, постои веројатност да се создадат нови видови на бактерии, кои се отпорни на антибиотици или да и гo ослабнете имунолошки систем на рибата.

Нема ништо лошо во тоа да се стави сол во аквариум, но нешто друго не е во ред со тоа. Размислете - овие се слатководни риби. Нивната животната средина, е без сол. Па зошто би им била потребни солта во аквариумот? Солта може да се користи како лек, но да се додава во аквариумот е глупост. И секако, рибата треба да се лечи во карантин, не во заеднички аквариум со други риби.

 

Сол

Дозата на сол варира, од 1 лажица за секои 5, 10, или 15 литри.

Некои риби и растенија се многу многу осетливи ставањето сол во аквариумот, треба да истражите прво информации за рибите па после да ги лечите со сол.

Солта се користи како третман, за ограничен временски период. Таа не испарува, така што ако ја користите во украсниот аквариум ќе ви требаат многу промени на водата за да ја исчистите, а дотогаш растенијата ќе се уништат, а рибите осетливи на сол ќе умрат. Исто така, солта не треба да се користи како додаток во одстоената вода за наредната промена на водата.
Goran Manevski

Offline Uran

  • BigUran - Osnivac
  • SeaWolf
  • *******
  • Join Date: May 2008
  • Location: Rio Drimo Negro
  • Age: 51
  • Posts: 12166
  • Karma: 469
    • AquaPark
Re: Карантин
« Reply #1 on: November 13, 2011, 02:13:12 AM »
Bravo Gorane i blagodaram za site postirani tekstovi.
Koj gi slusa ribite koga placat ??     http://mkreef.blogspot.com

Offline goch

  • Mega clen
  • *****
  • Join Date: Oct 2008
  • Location: Skopje
  • Age: 28
  • Posts: 1359
  • Karma: 108
Re: Карантин
« Reply #2 on: November 13, 2011, 02:15:34 AM »
Нема проблем Уран, задоволство ми е да поставувам текстови на mkreef. :)
Goran Manevski

Offline OscarMKD

  • Mega clen
  • *****
  • Join Date: Dec 2010
  • Location: Strumica
  • Age: 21
  • Posts: 1329
  • Karma: 27
Re: Карантин
« Reply #3 on: November 13, 2011, 03:03:43 AM »
 applause goch za tekstot :icon_thumright:. Dobro bi bilo i da napravime lista na ribi koi se osetlivi na solta. Jas pred edno tri godini staviv nekolku koridorasi vo kofa bidejki sekogas se krieja i plivaa epten retko. Gi staviv vo kofa od 15 litra i dozirav 1 kafena lazica na eden litar. Gi ostaviv 15 minuti i koga se vrativ site mrtvi. Duri posle nauciv deka koridorasite se osetlivi na sol. Zatoa vikam da se napravi edna lista so takvi ribi, za da nema posledici pri lekuvanjeto so sol :)

Tags: