Prebaruvanje
|
The first post content
Вчера земав 3 оскари, 2 црни и 1 албино. Кога ги ставив полежеа малку по земјата, ама се навикнаа и почнаа да пливат, да јадат и се нормално. Арно ама денеска албиното нешто цел ден лежи хоризонтално а земјата. А и неможе или несака да плива нормално. Кога сака да оди од едно до друго место, почнува да плива и почнува да се врти во кругови, како да го носи филтерот. И каде ќе стигне таму паѓа и пак легнува. Сега го извадив од аквариумот и го ставив во 15 литарска кофа. Оскарот е мал 4 сантиметри. И брцам раката во кофата, не реагира, го фаќам со рака, пробува ептен малку да избега. И на крај кога го извадив од водата да видам што има на перката, рипна од раката и пак влезе во кофата, и си легна. Што можам да направам со него? И дали да биде некое време во кофа, или да го вратам назад во аквариумот?
禪
Author
Topic: Проблем со оскар (Read 595 times)
0 Members and 1 Guest are viewing this topic.
Tags:
|