collapse

* Prebaruvanje


* Posledni Postovi

DOBRO UTRO by DimitarJ
[Yesterday at 11:08:57 PM]


Мојот 100л Аквариум by DimitarJ
[October 10, 2018, 02:09:31 AM]


RO za 80 Evra ? by DimitarJ
[October 09, 2018, 12:38:52 AM]


Od Ohrid si ako.... by pocttopus
[October 08, 2018, 11:28:00 AM]


RAZNO by pocttopus
[October 08, 2018, 10:43:05 AM]


Контакт страна/ Kontakt strana/ Contact page - mkreef by pocttopus
[October 06, 2018, 06:08:19 AM]


Domasen Tutun by Baron
[September 26, 2018, 11:08:15 AM]


Trevnat nov by Aleksandar Ilievski
[September 25, 2018, 03:24:58 PM]


"The Farewell" by Ivanov Mitko
[September 24, 2018, 11:14:37 AM]


Sreken rodenden by pocttopus
[September 23, 2018, 07:43:53 AM]

Author Topic: Во земјата (морето) на коралите  (Read 10339 times)

0 Members and 1 Guest are viewing this topic.

Offline ivica74sk

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Apr 2009
  • Location: Skopje
  • Age: 44
  • Posts: 11244
  • Activity:
    1%
  • Karma: 377
Во земјата (морето) на коралите
« on: January 26, 2018, 12:35:16 AM »
 Нашиот член Мартин Томиќ имаше огромна среќа и задоволство да престојува во Австралија од каде што беше на крстарење по островите во јужен Пацифик. Таму имаше можност професионално да нурка и ужива во убавините на подводниот свет на најголемиот кораленн гребен (great barrier reef). Ми вети дека ќе ми испрати видео и фотоматеријали  за да и ние уживаме во тие убавини иако тоа може само да се доживее. Го поздравуваме Мартин и му посакуваме убав одмор.

Offline pocttopus

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Oct 2009
  • Location: Скопје
  • Age: 40
  • Posts: 6740
  • Activity:
    25%
  • Karma: 78
Re: Во земјата (морето) на коралите
« Reply #1 on: January 26, 2018, 11:48:48 AM »
Интересна приказна која не смее да се пропушти! :happy: :headbang:
Чекаме инфо.  :icon_thumright:

Offline ivica74sk

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Apr 2009
  • Location: Skopje
  • Age: 44
  • Posts: 11244
  • Activity:
    1%
  • Karma: 377
Re: Во земјата (морето) на коралите
« Reply #2 on: January 30, 2018, 05:11:14 AM »



Offline ivica74sk

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Apr 2009
  • Location: Skopje
  • Age: 44
  • Posts: 11244
  • Activity:
    1%
  • Karma: 377
Re: Во земјата (морето) на коралите
« Reply #3 on: January 30, 2018, 08:54:39 AM »















Offline pocttopus

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Oct 2009
  • Location: Скопје
  • Age: 40
  • Posts: 6740
  • Activity:
    25%
  • Karma: 78
Re: Во земјата (морето) на коралите
« Reply #4 on: January 30, 2018, 09:10:52 AM »
А има ли некое видео? :D

Offline ivica74sk

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Apr 2009
  • Location: Skopje
  • Age: 44
  • Posts: 11244
  • Activity:
    1%
  • Karma: 377
Re: Во земјата (морето) на коралите
« Reply #5 on: January 30, 2018, 09:13:52 AM »
Има ама ем не можам да го закашам а и штета би било да го расипам со влошен квалитет така што ќе почекам Мартин да монтира нешто квалитетно а може и ќе раскаже некој збор.Сепак не сме имале сите можност да се вратиме од рајот.

Offline MartinTKD

  • Aqua clen
  • ***
  • Join Date: Dec 2012
  • Location: Skopje
  • Age: 29
  • Posts: 342
  • Activity:
    0%
  • Karma: 23
Re: Во земјата (морето) на коралите
« Reply #6 on: January 30, 2018, 11:09:12 PM »
Ивица, пред се фала што ја отвори темава и баш ми е драго. Збор два околу искуството неможам да кажам пошто е нешто што не се опишува. :), сепак ќе пробам да доловам нешто. Гребенот на кој што јас нуркав се викаше Sudbury reef, оддалечен 1:50 минути плевење со брод од Cairns. Нуркањето само по себе е страшно потешко од она што јас си го замислував, првенствено дишењето, а потоа и притисокот под вода. Нуркавме на длабочина од околу 12-5 метри... стигаш доле на дното и почнува магијата!!! Првите 5-6 минути се губиш целосно ( барем јас се изгубив ), :) Лево од мене голема морска желка спокојно си плива, пред мене куп риби во секакви бои, морало во секакви бои и што уште не. Целиот изгубен така еден од инструкторите ми дава знак да го следам, го следам, и стигам до можеби најубавиот момент во мојот живот.... Дел од гребенот полн со корали и огромна анемона, О ГРО МНА! :) секако тука беа и две немовци кои се милуваа со анемоната како и да не бевме ние таму. За момент останав без зборови и посакував да ги набљудувам што подолго, моментот беше магичен! дојде време да се вратиме назад и бев под импресии наредните 3 дена :). Видеа од доле немам, затоа што не ни дозволија да носиме Gopro камери доле, со образложение дека ни е прво нуркање и според законот се води дека е тренинг нуркање ( фората беше ликот да не слика и да платиме 50$ за слики :) ), меѓутоа ни дадоа опција да доплатиме за втора тура нуркање каде што можеме да носиме камери, сакав да нуркам уште еднаш ама првото нуркање ме исцрпи тотално! Сепак имам видеа со многу добар квалитет, каде што индивидуално не пуштаа да нуркавме, ворочем гребенот беше на 1 метро од мене така да има што да се види. На голема штета денот не се  погоди нај нај беше прилично облачно, меѓутоа на моменти кога сонцето ќе пробиеше се случуваше магија :). Штом ги средам видеата ќе ги аплоудирам на јутјуб мислам дека таму ќе бидат со најдобар квалитет и ќе постирам линкови. Фала и ако некој го интересира нешто слободно нека ме праша :) . Исто така имав можност да го посетам Deintree national park, односно најстарата дождовна шума на планетава земја (150 милиони години стара). Флора и фауна што никогаш предходно ја немав видено, едноставно Breathtaking! Најакиот момент од сето тоа е местото каде што дождовната шума се спојува со рифот, природен феномен каде што се спојуваат два еко системи, стварно неможам тоа да го доловам низ зборови, најблиску со пример е нешто као Finland Northern lights. Се на се искуство без цена!!

Offline Taurus

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Sep 2015
  • Location: Skopje
  • Age: 37
  • Posts: 65
  • Activity:
    0%
  • Karma: 0
Re: Во земјата (морето) на коралите
« Reply #7 on: January 31, 2018, 01:55:52 AM »
Јакооооо.
Ова ти беше прво нуркање воопшто?
Обично првиот пат, пола од нуркањето ти е под стрес заради дишењето, навлегувањето вода во маската, постојано потреба од изедначување на притисокот при промена на длабочинааа....
Препорака до сите кои сакаат да нуркаат на вакви егзотични места - првото нуркање нека го направат претходно, може и на езеро, бидејќи нуркање со опрема не е едноставно... за потоа целосно да уживаат на нуркањето.

Offline ivica74sk

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Apr 2009
  • Location: Skopje
  • Age: 44
  • Posts: 11244
  • Activity:
    1%
  • Karma: 377
Re: Во земјата (морето) на коралите
« Reply #8 on: January 31, 2018, 04:03:16 AM »
 Мартин ова што го напиша совршено го пренесува адреналинот кој што се уште те дрма со право. Да се биде дел од друг свет е навистина огромно задоволство , особено што овој свет е свет од нашата фантазија.Ти благодариме уште еднаш што за твои пари ги видовме и ние овие убавини boske и едвај го чекаме видеото.

Offline MartinTKD

  • Aqua clen
  • ***
  • Join Date: Dec 2012
  • Location: Skopje
  • Age: 29
  • Posts: 342
  • Activity:
    0%
  • Karma: 23
Re: Во земјата (морето) на коралите
« Reply #9 on: January 31, 2018, 01:59:01 PM »
Taurus да ова ми беше прво нуркање и баш како што кажа, првото нуркање е многу потешко од што си замислував, аџастирањето на притисокот, влегувањето на вода под маска и секако дишењето ствараа паника, впрочем и целата ситуација е непозната за телото и мозокот.. Сакав да нуркам уште еднаш ама тотално бев исцрпен од првото иако траеше 15 тина минути, али ете за нареден пат ќе си знам :) Видео ќе се потрудам денес да го спакувам и да пуштам линк :)

Offline Taurus

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Sep 2015
  • Location: Skopje
  • Age: 37
  • Posts: 65
  • Activity:
    0%
  • Karma: 0
Re: Во земјата (морето) на коралите
« Reply #10 on: January 31, 2018, 03:37:01 PM »
Интересно е што животинскиот свет, обично во места каде често има нуркачи, не се плашат од тебе. Ти се доближуваат... влегуваш во тотално поинаков свет. Нуркањето со опрема е тотално различно одколку нуркање само со маска...
На море немам досега нуркано, ама наредна прилика, ако во близина има корален гребен, обавезно, тоа не се пропушта.
Еднаш досега имам нуркано, во Охрид, 40тина минути и било сууууупер. Немав проблем со измореност, ама имав проблеми со притисокот. На секој пола метар до метар морав да правам изедначување (за тие што незнаат, тоа се прави со затворање на носот со рака и дување, додека не слушниш крцкање/пукање во ушето). До 11-12 метри длабочина бев, понатаму почнав да осеќам преголема болка во ушите.
Во текот на нуркањето, кај грбот, во елечето ми се пикнала змија и сум ја шетал едно 15-20 минути. Тоа после ми го кажаа, чиста среќа што не ја видов, иначе во паника ќе беше интересно ;)

Чекаме видео од нуркањето.




Offline pocttopus

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Oct 2009
  • Location: Скопје
  • Age: 40
  • Posts: 6740
  • Activity:
    25%
  • Karma: 78
Re: Во земјата (морето) на коралите
« Reply #11 on: January 31, 2018, 10:04:12 PM »
Темата е споделена и на твитер.  :happy:


Offline pocttopus

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Oct 2009
  • Location: Скопје
  • Age: 40
  • Posts: 6740
  • Activity:
    25%
  • Karma: 78
Re: Во земјата (морето) на коралите
« Reply #12 on: March 12, 2018, 05:49:59 AM »
Кога сме веќе кај морето, коралите и гребените како составен дел од него, изминатиов период во Флорида вратени биле 420 корали со цел да се задржат гребените живи и здрави.

Башка си имаат веб страна за партиципација и помагање во реставрирање на гребените било каде е потребно. Организацијата е непрофитна како што е наведено на нивната страна и верувам дека е од голем интерес не само на акваристите (морци) туку и целиот животински свет како последица од глобалното затоплување.
http://coralrestoration.org/


Многу интересно е што средствата собрани од скуба-нуркање се наменети токму за помагање на враќање на коралите назад во морето. Оваа иницијатива како што приметувам е на глобално ниво, од Америка до Индонезија.

« Last Edit: March 12, 2018, 05:59:48 AM by pocttopus »