collapse

* Prebaruvanje

* Posledni Postovi

DOBRO UTRO by NO CARRIER
[December 08, 2023, 11:53:36 PM]

staklen pesok za akvariumi by p
[September 05, 2023, 11:48:43 PM]

The first post content
Помнам пред едно 15 години, кога луѓето ги зафати некое акваристичко лудило, акваристичка треска што секој дом, скоро секој втор дом имаше дома по едно тегле со вода и риби. Тегла со вода го нареков, поради што просечните аквариуми беа со 30-50 литри зависно од тоа, од домаќинот како му се вклопувало на постолјето што планира да го има аквариумот.
Немаше куќа што не чуваше аквариум,рибите тоа време беа прилично скапи, иако со акваристика се занимавам активно година и пол, уште од многу мал ги посетував акваристичките продавници и ги следев цените и  популарните риби.
За популарни риби, се сметаа, и беа, и најбарани беа живоротките. Скоро секој аквариум имаше стандард слика: Песок од улица, нива , река , кој како се снашол, декорација украси школки, по некоја тревка,позадини сечени од календари, филтрацијата се одвиваше со стаклен филтер и тапацерски сунгер, песок, вата и др, водата за да се врати назад во аквариум се користеше воздушна пумпа, итн итн итн.

Обично луѓето ги земаа аквариумите, најповеќе како украс за домот, значи има разлика од чување риби како домашно милениче до поставување аквариум како украс, украс кој го носеше овој назив краток период, но поради недоволното разбирање,или едуцирање и слушање овој вака/оној така/оние онака/ стануваше едно катче од пеколот во домот.
Голем број на луѓе се откажуваа од ова хоби, ќе го забаталеа па нивните синови,внуци итн денес со помош на интернетот кои сакаат да се едуцираат успеват да направат колку толку салам аквариум.

Проблемите што се јавуваат секогаш во акваристиката се, смртност на рибите, лош мирис од аквариумот,неубав изглед/дизајн/декорација, па и со техниакта, зафаќање место на филтерот, преливање вода, брчење од пумпи итн.

Во почетокот беше стваро DIY аквариум со стаклен филтер од 2 комори, со вата, сунгер камчиња, подвижување на водата со воздушна пумпа која ја враќа водата во аквариум со посебно црево.
Таквата опрема колку толку обезбедува филтрација на водата но во сосем мал процент, заради слабиот проток на водата, се изведуваа разни комбинации со повисоки прегради пониски прегради, со цел да се постави на неколку нивоа на висина, па на најдолу да паѓа ѓубрето каде едно црево го влече сето тоа во филтер. Овој начин е прилично задоволувачки и сеуште се практикува но без некоја голема потреба поради силните пумпи што ги имаме денес, да речеме канистер од 2000 литри на час нема потреба да му се прави такво чудо, но секој како што замислува, но доколку го имате, сепак е еден плус за подобра механичка филтрација но со естетика може да биде и интересно и добар.Јас, на мојот фабрички аквариум имам вградено таква преграда, и можам да кажам дека ми брка навистина добра функција.

Далје, проблемот со брчењето на пумпите, беше еден од многу проблеми поради кој луѓето се откажуваа од акваристика. Тој период,опремата за акваристика, беше минимална, обично можеше да се најди пумпа за воздух, распрскувачи,црева, греачи и термометри, и храна како и секогаш лисната од 10-15 денари со џигер. Многу луѓе се откажаа од акваристика ради овој проблем што пумпите за воздух навистина знаат да бидат бучни особено во ноќта каде што доколку се спие е сместен аквариумот е голем кошмар.

Смртноста на рибите, исто така беше причина за откажување, или некогаш помор се случувало, чисто заради неинформираност, а причините беа многу: Немање од каде, несакање да се научи нешто повеќе итн. Обично смртноста беше од неисциклиран аквариум, а доколки издржеа рибите во процес на циклирање, проблемот беше кога еднаш месечно или без разлика на колку време им се затнуваше филтерот, миењето на него со жешка или вода со хлор, употреба на течни сапуни и детергенти.Процесот на циклирање постојано се обновуваше.
Филтерот, како кај пооголемиот дел луѓе чие мислење беше  е дека служи за механичка филтрација.

И многу други причини, и без разлика што и да е, беа причина за да луѓето се откажуват од акваристика, но факт е дека беше навистина премногу популарна пред 10-15 години, но моментално со голем пад.

Сакам да наведам збор два за опаѓањето на акваристиката, во почетокот аква шоповите продаваа или луѓето сами си правеа аквариум од аквашоповите тешко се добиваа конретни информации во врска за чувањето на рибите, но во мал дел можеше да се добие вистинско мало богатство од знаење.
Аквашоповите, односно луѓето кои продаваа риби и птици (стандард) беа тој период многу популарни, и мислам дека правеа добар промет.
Но заради нивната неукост, односно лакомост за пари а нескаање да се даде информации, направија да голем број луѓе се откажат од акваристика, во период кога интернетот не беше популарен а информациите се добиваа од човек на човек. Со тоа и се случи голем пад на акваристиката, и можам со сигурност да кажам дека денес, навистина не е многу популарна, за разлика од она што порано беше. Но ова хоби, низ овие години како да помина низ еден филтер, па од квантитет премина во квалитет, т.е има помал број на акваристи, но сепак луѓе кои навистина се обидуваат да направат парче природа во нивниот дом.Денес имаме поголем број аквашопови кои знаат да објаснат во врска за акваристиката и начинот на чување некоја риба.

Па , како што можите да забележите, акваристиката е навистина привлечна, но што е тоа што го прави еден човек да стане акварист и да се зарази со ова хоби а што е причината да се откажи од ова хоби?
Причината е секогаш НЕУСПЕХОТ, не зборам за дизајн и грд аквариум туку зборам за неуспех како акварист, смртност на риби неинформираност и ред други работи. Аквашоповите, живеат од АКВАРИСТИ, а не од еден продаден скалар и едно кутивче лисната храна.
Вие не живеете т.е заработувате од случаен минувач кој ќе купи едно оловце за јадицата.
Вие не живеете од една продадена гупа, или една пумпа. Поентата на успешен бизнис е почнување со него и привлекување СТАЛНИ муштерии а не случајни, тоа е причината да се затвори бизнисот а исто така и да се откажат голем број акваристи. Како апел до вас, сопствениците на аквашопови:

-Направете го популарно ова хоби и пристапно за секој. Тука не зборувам за цената, но доколку имате можност, направете го и подостапно во цената. Македонија и не е толку богата земја или во превод луѓето не би одделиле 30.000 денари за аквариум и опрема, па ниту би одделиле за некои риби астрономски суми. Каде што се може, пробајте, направете го. Голем дел се откажуваат затоа што е скапо хоби.

-Информации, информации информации...
Нема ништо полесно од тоа да дојде некој во продавница и да побара еден скалар/гупа/ботија и да му ја продадете за 250 денари и да си замине а вие повторно на фејсбук да четувате.Тој човек да речеме што ја купил рибата, не знае информации и мисли дека ќе живее во складност со неговите риби. Но што кога скаларот го ставил со неонки па му прави белја? Истиот тој ќе се најде и во шолја утредента, или ќе се обиде да ви го врати, па не сакате да го замените и сл, и краен епилог на ова е губење на муштерија. А што ако му објасните како се чува кој услови му се потребни дали е мирен или не? Дечкото го сакаше скаларот, и вие му објаснавте, па добива инсипарција за нов аквариум за чиј потреби т.е опремата за него ќе ја набави од кај вас, па наместо 1 скалар од 100 денари, вие ќе направите промет на 20 скалари /аквариум/опрема/ во вредност од 100 повеќе евра.

-Односот, треба во секое јавно место во секој контакт со луѓе да биде учтив љубезен и сл, а тоа не спаѓа под акваристичко правило, туку е етичка норма за добар однос со муштерии.

-Ако немате некој производ , не го испраќајте човекот на погрешни места со погрешни информации. Во превод ви бара канистер а вие прв пат слушате што е тоа, и му викате ќе нарачам утре дојди за една недела. А на акваристот му се брза, вие носите некој од 100 литри на час и повторно не му се допаѓа на човекот па маки мачите да се продаде канистерот.
Затоа информираноста и секогаш искреноста, се исплаќа.

- Направете си комплет опрема, аквариум филтрација, исциклирани сунѓери,декорација како комплет сет, за поевтино.
Многу поедноставно и полесен почеток ќе имаат голем број акваристи, ако наместо само аквариум дојдат и видат која додатна опрема ќе им треба, и ја купат од старт со некој попуст па вие им објасните дека сунгерот т.е филтерот треба да е исциклиран, му помогните за побрзо циклирање, украсување на аквариумот и сл.

Се надевам дел од луѓето што ќе го прочитаат ова ќе го сфатат најдобронамерно, со цел ова хоби да го направиме популарно.
Јас, со акваристика т.е имам аквариум дома и се мачам со него околу една и пол година сум фрлил пари незнам ни јас колку, и сеуште моментлано аквариумот ми седи во визба.Наскоро ќе го активирам со помош на останатите членови се надевам ќе испадне едно комплетно парче природа во мојот дом.

Поздрав

Link

Author Topic: Популарност на акваристиката  (Read 1060 times)

0 Members and 1 Guest are viewing this topic.

Offline Farscape

  • Aqua clen
  • ***
  • Join Date: May 2011
  • Location: Bitola
  • Age: 36
  • Posts: 277
  • Activity:
    0%
  • Karma: 5
Популарност на акваристиката
« on: September 18, 2011, 04:36:05 AM »

Offline ivica74sk

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Apr 2009
  • Location: Skopje
  • Age: 49
  • Posts: 11195
  • Activity:
    0%
  • Karma: 377
Re: Популарност на акваристиката
« Reply #1 on: September 18, 2011, 05:26:28 AM »
  560855 Za opsezniot teks Farscape.Prepoln e so konstatacii soveti i viduvanja kako se odvivala a kako trebalo da se odviva ovaa granka kaj nas.
 So pogolemiot del od napisanoto se slozuvam no so nesto i ne normalno.
 Konstatacijata deka od kvantitet se pomina na kvalitet ti e sosema vo red.No koga vekje si talentiran da sogledas nekoi raboti ke vidis i deka za zal onie malku strucni i profi prodavnici koi rabotat kako sto treba ,za zal pravat mnogu pomalku promet od onie koi so cista trgovija go unistija hobivo,a si gi napolnija dzebovite so kes a oglasnicite so koristena akvaristicka roba.
 Spored mene ona jadro na kvalitetni akvaristi koi ponapred ke kupat nesto za hobito odkolku nesto za oblekuvanje e tuka na  56048575 i treba da mu se pomogne namesto da odumira da sluzi kako pottik za povtorna popularizacija i regrutiranje na edna pogolema armija kvalitetni akvaristi.

Offline p

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Oct 2009
  • Location: Скопје
  • Age: 45
  • Posts: 7549
  • Activity:
    2%
  • Country: mk
  • Karma: 91
Re: Популарност на акваристиката
« Reply #2 on: September 18, 2011, 06:55:40 AM »
Farscape, форумов за тоа постои, да не мора да го „трошиш“ времето во аквашоп туку да се информираш побрзо и што е можно повеќе, а воедно ќе заштедиш и време и пари благодарение на можностите од страна на интернетот.

згора на тоа, тука можеш да добиеш совети и за други работи кои не се поврзани со акваристиката.

понатаму, постојат и луѓе и кои не го користат интернетот за вакви работи, не се членови на разно-разни форуми, а имаат време да трошат за facebook. тоа си е нивен избор кое хоби ќе го одберат (ако воопшто одберат некое) и колку сериозно ќе навлезат во тоа. од истите тие, никој аквашоп не би можел да очекува поголем бизнис или пак да го смета за постојан муштерија бидејќи за кратко време аквариумот може да се „запусти“ и личноста да се откаже од него. такви има многу, но за тоа не се криви аквашоповите што не им делеле совети, туку самите тие или пак до таму им се можностите (финансиите). ако нешто ти треба ќе си најдеш. сега го имаш и интернетот и благодарение на него нема повеќе пумпи за 5.000 денари! тие се наоѓаат и поефтино.

Offline tomce

  • Super clen
  • ****
  • Join Date: May 2010
  • Location: kumanovo
  • Age: 37
  • Posts: 933
  • Activity:
    0%
  • Karma: 43
    • Интернет Бизнис Македонија
Re: Популарност на акваристиката
« Reply #3 on: September 18, 2011, 10:45:41 AM »
не го прочитав целото али
ке коментирам само на тоа што прочитав

велиш тегли ги сметаш аквариуми, до 30-50, нема јас сум видел и тегли од 250кг тоа не игра улога ич
пример тука загледај го аквариумот на anvrola мало аквариумче, DIY цо2 ,.. али за мерак

ова пример го кажувам има доста такви

тоа DIY не е лошо, и денес доста предности има надворешниот стаклен филтер,....

за аквашоповите колку и да ги нападам неможам, сепак ти одиш кај нив да купиш не да се информираш, тој ке ти продаде тоа што бараш, така оди секаде дури и во светот отиди кажи тоа тоа и тоа, никој нема да ти каже еее немој ова поскапо е земи го оваа поевтино е а иста функција ја врши кога тој во штета ке е

и само ке напоменам оваа што го спомна pocttopus, поодамна немало информиации, сега се имаш на дланка доволно е да пребараш ке најдеш милион текстови за веќе искуства
али тоа е, прееска ми беше комшика на гости ги виде аквариумите, го гледа третиот што се спрема и одма се откажа од куглата и парот караши и ке спрема помал аквариум како што треба, е сеа што ја мрзело да се информира на нет туку само виси на фејсбук кој и е крив  ebate beljata

Offline Farscape

  • Aqua clen
  • ***
  • Join Date: May 2011
  • Location: Bitola
  • Age: 36
  • Posts: 277
  • Activity:
    0%
  • Karma: 5
Re: Популарност на акваристиката
« Reply #4 on: September 18, 2011, 12:32:16 PM »
E па како што викаат, кој бара тој и ќе најде, значи форумот за тоа постои и еден милион други сајтови, ако не разбира некој англиски , има српски сајтови, значи што повеќе се учи собира знаење тоа подобар акварист се станува. Но не е секогаш поентата да се читас туку да се споделат искуствата, пошто нели, од искуството се добива најдоброто знаење. Пример, на интернет ќе најдам информации за гупите, но некој аквариста, ќе пиши јас тоа и тоа кога праев на гупите поубо им беше итн итн, значи добиваш информација од туѓо искуство која е позитивна.
Затоа, трудете се што повеќе да споделувате искуство на форум, одошто само копирани текстови, во копираното што ќе го најдете како инфомација за рибите, внесете ваши искуства. Доколку се погрешни ќе знае човек оти е погрешно доколку е точно ќе имаме позитивна информација:)
И една поговорка од Иса а.с кој рекол “Кој има уши , ќе чуе, кој има очи ќе види. Побарај и ќе добиеш“...
Ова го користам секогаш во животот дека ако човек има “уши“ нормално секој има но ги користи како што треба ќе слушни, а ја викам кој сака ќе добие, и кој се интересира ќе го најде она што му треба...

Она што го реков погоре беше за аквашоповите, не да продаваат поефтината опрема пошто секогаш секој производ се дели на класи, значи канистер класа 1, канистер класа 2 канистер класа 3, тоа не го пиши на опаковката но се гледа колку е квалитетен и по тоа се базира цената.
Така  да, томче нема да речи продавачот земи го поевтиниот подобар е коа другиот е поскап сигурно вреди повеќе,. но не секогаш пошто има фирми со педигре јас ги викам што даваат скапа опрема, исто како НОКИА што се крш телефончина а се скапи изгор:)

Мене прв пат ко ми се разболеа рибитер појдов в продавница и прашав од што имаат бели точки ми рекоа да му ставам само плав лек и ми дадоа метиленско плаво 40 денари. Кога ставив водата сина силиконот син а ништо не им излечи на рибите. После еден пријател ми даде протоекс против бели точки и се излечи за 2 дена.
Заклучок: Побрзо ќе дадам 250 денари за протоекс , кој е ефикасен, него ли 40 денари за метиленско плаво-не ефикасно.

Значи не секогаш муштеријата иди на поевтна верзија туку на квалитетот.
Тоа е она што јас го практикувам а се надевам и многу други има на ваков начин што ги гледаат работите.

Offline tomce

  • Super clen
  • ****
  • Join Date: May 2010
  • Location: kumanovo
  • Age: 37
  • Posts: 933
  • Activity:
    0%
  • Karma: 43
    • Интернет Бизнис Македонија
Re: Популарност на акваристиката
« Reply #5 on: September 18, 2011, 01:22:48 PM »
тоа се должи на необразување на продавачот, да знаел дека може и протоекс ке ти дал тоа, гарант  :icon_thumright:

инаку акваристика воопшто не е скапо хоби, тоа за секој џеб различно, за 2000ден можеш целосно да уредиш еден аквариум од пр 50тина литри, но може и да дадеш 10к и да земеш готов фабрички

тоа првиот не го прави неквалитетен и сл

за билдање на цени ако канистер вреди реално 2000 а они го продаваат за 5000 тоа скоро веќе никаде нема, тоа го имаше само во монополско владеење, а сега има конкуренција, пр пред некој ден купувавме пумпа за фонтаната и гледав цени кои се движеа од 800-950ден за ист модел, наравно таа од 800 ја земав, :)

а ако нема искуства и добар материјал на овој форум незнам кај има, штета што акваристика.ком.мк пропадна и форумот имаше доста убави и квалитетни текстови

Tags:
 
Users Online Users Online (31)
Members Google (2)
SimplePortal 2.3.7 © 2008-2024, SimplePortal